Македонија не потпиша договор со Русија за вклучување на земјата кон гасоводниот проект Јужен поток, на самитот во Санкт Петербург.
Македонската делегација ја предводеа министрите за финансии и економија Зоран Ставрески и Ваљон Сарачини.
Поради технички допрецизирања е договорено во блиска иднина да се потпише договорот за Јужен поток, изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
На 11 јуни беше најавено потпишувањето од страна на Зоран Ставрески, но не дојде до ставање потпис на договорот. Ставрески тогаш најави дека во Санкт Петерсбург ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.