Македонија на второ место во светот по невработеноста кај младите

Од:

Порталот Onlinecolleges.net го изработи овој графикон, кој нуди споредбена анализа на невработеноста кај младите од 15-24 години.

Тој е направен според статистиките на Милениумските цели на Обединетите нации, а користени се последните расположливи податоци од 2009 година и според нив Македонија е на второ место во светот по невработеноста на оваа популација. Оттогаш се можни некои флуктуации, но податоците на ОН се најдобри за користење зашто нудат можност и за споредба и за конзистентност, вели порталот.

Македонија тука е во друштво со земји како Матиник, Јужна Африка и Окупираните палестинск итеритории, но и со Србија Шпанија, кои се на петто и шесто место.

Во делот за Македонија се вели дека „земјата има невработеност на млади од 54,9 отсто. Една година подоцна Меѓународната организација на трудот (ILO) објави бројка од 53,7 отсто. Според овие статистики, бројот на невработени млади е во голем процент застапен во вкупната невработеност во земјата, а само 4 отсто од младите кои работат се во моментов на позиции релевантни за нивната кариера и образование. Македонија реагираше на ова со стартување на акционен план за да ја намали невработеноста на младите до 2015 година“.