Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и шведската фирма „Свеко“ денеска го потпишаа Договорот за консултантски услуги за изработка на техничка документација за втората и третата фаза од проектот Хидросистем „Злетовица“.
Техничката документација треба да биде изготвена за седум месеци по што ќе почне изградбата на објектите за наводнување и за производство на електрична енергија, активности опфатени со втората и третата фаза. За оваа намена се одобрени еден милион евра од Европската инвестициска банка.