Дабевски: „Здравје Радово“ успешна и во криза

Од:

Сопственикот на млекарата „Здравје Радово“, Јован Дабевски ги презентираше успесите на фабриката во услови на криза и неизвесен пласман на млеко производителите. Според него, млекарата егзистира на македонскиот пазар повеќе од десет години и соодветно се справува со кризата која е транспарентна последните две години.

Нивниот модус на работа е тоа што во период на економска криза кога куповната моќ на граѓаните е многу мала тие вложуваат средства во нови инвестиции. Дабевски вели, инвестираат во нови производни единици, а на веќе постоечките производи работат во подобрување на нивниот квалитет.

Млекарата има вработено над 260 лица, многумина од нив се со високо образование и им е прво работно искуство. За да останат на врвот во услови на светска економска криза, според Дабевски, тие работат повеќе, а добиваат исто или помалку, но тоа за нив било дополнителен мотив за спраување со кризата во Македонија.

Јасмина Спасовска