ЦГК: Цените на тендерите – растечки проблем во јавните набавки

Од:

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од октомври 2013 до март 2014 година кој ги покажа следниве констатации:

– Oткако најниската цена се воведе како единствен критериум за доделување на јавните набавки, а електронската аукција е задолжителна за сите тендери, бројни се примерите на тендери во кои се постигнуваат толку ниски цени со што се доведува до прашање квалитетот на реализацијата на договорот.

– Транспарентноста и натаму е еден од главните проблеми во јавните набавки во земјава. Некои државни институции не ги објавуваат или ги објавуваат со задоцнување податоците за склучените договори за јавни набавки, а други, пак, не ги доставуваат податоците како одговор на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

– Само неколку месеци пред стапувањето на сила на законските одредби (октомври до декември 2013) со кои објавувањето на тендерската документација стана задолжително (од јануари 2014), а поставувањето услови за учество на тендерите – отежнато и казниво (од мај 2014), во 45% од мониторираните тендери не се објавила тендерската документација, а во дури 60% се поставени високи услови за учество на фирмите на тендерот.

– Поништувањето на тендерите не престанува да претставува проблем во јавните набавки. И во овој мониториран период процентот на поништени тендери се движи околу, веќе просечните за тендерите на локално ниво, 15%.

– Рокот за донесување одлука за избор се почитува, но се одолжува потпишувањето на договорите.

Извештајот на Центарот за граѓански комуникации е достапен овде.