Компании од автомобилската индустрија во следниве две недели ќе ја скенираат Македонија, вели директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, во интервју за Алсат-М.
„Разговараме со неколку компании, односно неколку американски компании веќе длабински ја разгледуваат Македонија и ние сме една од две или три змеји каде треба конечната одлука да се донесе. Во многу од овие случаи почетокот на функционирање на новиот производствен погон треба да биде почетокот на 2015-та година. Што значи еден период од 15 до 18 месеци кој е потребен за изградба на фабриката укажува дека средината на годинава односно најдоцна до септември треба овие одлуки да се донесат“, вели Мизо.
Тој додаде дека и неколку европски компании, како и компанија од Јапонија од каде во следните две до три недели има најавено неколку посети од највисоко ниво.