Во свет каде што смартфоните сѐ повеќе личат еден на друг, Motorola носи нов бран индивидуалност и самоизразување преку уреди кои не се само паметни – туку и стилски, смели и поврзани со личниот идентитет на корисникот.
„Motorola е бренд со богато наследство и јасна визија за иднината. Денес, повеќе од кога било, луѓето бараат уреди што не само што нудат врвни перформанси, туку и ја изразуваат нивната индивидуалност – преку дизајнот, боите и материјалите. Токму таков пристап стои зад развојот на портфолиото на Motorola. Затоа со гордост го претставуваме нивниот асортиман на македонскиот пазар, носејќи ги последните нивни иновации поблиску до нашите корисници.“ изјави Робертино Христов, продукт менаџер во АИТОНИКС АД.
Со уникатен пристап кон дизајнот, Motorola воведува нова генерација уреди кои се вистинско продолжение на стилот на корисниците – преку боја, текстура и модни детаљи. Овие уреди се резултат на соработки со реномирани имиња како Pantone, Alcantara, Swarovski® и Bose, кои го збогатуваат изгледот, чувството и функционалноста на технологијата што ја користиме секој ден.
Боите како средство за самоизразување – Motorola x Pantone
Motorola е единствениот бренд на смартфони што директно соработува со Pantone Colour Institute – светски признатиот авторитет за трендови и стандарди во боите. Заедно, тие носат внимателно одбрани и тренди бои на пазарот, со цел да се постигне длабока емоционална врска помеѓу уредот и корисникот.
Без разлика дали е тоа впечатливиот Motorola Razr 60 Ultra во Pantone Rio Red или Edge 60 Pro во софистицираната Pantone Dazzling Blue – секоја боја има намера: да инспирира, да истакне карактер и да овозможи уникатен начин на изразување.
„Ова партнерство го обликува начинот на кој ги развиваме уредите – сакаме тие да предизвикаат емоционална поврзаност и да понудат креативност и инспирација,“ вели Рубен Кастано, потпретседател за бренд, дизајн и корисничко искуство во Motorola.
Уникатни текстури за длабоко сетилно искуство – Motorola x Alcantara
Освен бојата, Motorola обрнува внимание и на допирот. Новата соработка со италијанскиот бренд Alcantara, познат по премиум текстил со мек допир и висока издржливост, внесува ново ниво на елеганција и удобност во мобилните уреди.
Уредите како Razr 60 Ultra и Edge 60 Pro користат Alcantara и други иновативни материјали за да понудат текстури налик на платно, кожа или мек текстил – додавајќи тактилна димензија што досега недостасуваше кај смартфоните.
Моден детаљ со звук од врвна класа – Motorola x Swarovski и Bose
Motorola го продолжува своето модно наследство со новиот производ Moto Buds Loop – безжични слушалки со отворен дизајн, украсени со Swarovski® кристали. Технологијата Sound by Bose обезбедува беспрекорно балансирано аудио, додека блескавите детали го претвораат уредот во вистински моден додаток.
Слушалките нудат и удобност за цел ден, модерна форма и совршен спој на аудио квалитет и визуелен ефект. Ова не е само слушалка – ова е изјава.
Motorola знае дека иднината на мобилната технологија не е само паметна – таа е стилска. Истражете ги новите уреди: Razr, Edge и Moto buds loop и откријте како вашата лична технологија може вистински да ве претставува.
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Motorola во Македнија и нуди на пазарот голем избор на смартфони и аксесоари од познатиот амерички бренд. АИТОНИКС АД е компанија со докажана експертиза и 25-годишно искуство во дистрибуцијата на ИТ производи и изработката на софтверски решенија.
Motorola е компанијата која ја создаде индустријата за мобилни комуникации и ги има измислено повеќето протоколи и технологии кои овозможуваат мобилни комуникации, вклучувајќи го и првиот мобилен телефон, првата базна станица и прилично сè другопомеѓу нив. Денес Motorola го комбинира тој пионерски дух со посветеност кон потрошувачите.
За повеќе информации во врска со уредите од Motorola, контактирајте го продажниот
тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса [email protected].