Агенција за супервизија на осигурување со појаснување за зелената карта

Од:

 

Во насока точно и веродостојно информирање на јавноста, а со цел да се спречат шпекулации и дилеми што се појавија во јавноста, Агенцијата за супервизија на осигурување имформира дека на денешната прес конференција во однос на прашањето за цената на автоодговорност и зелена карта беше истакнато дека во Република Македонија во просек за патнички возила се плаќа најниска цена, меѓутоа оваа изјава не се однесува на цената на зелената карта.

Согласно Законот за задолжителна осигурување во сообраќајот, постои законска обврска секое превозно средство пред да биде пуштен во сообраќај треба да поседува полиса за автодговорност према трето лице. При тоа при регистрација на превозното средство задолжително се обезбедува полиса за осигурувње од автоодговорност која има покритие само на територија на Република Макадонија. Превозните средства кои пуштаат во сообраќај надвор од територија на Република Македонија треба да поседуваат зелен картон, како посебна полиса за автоодговорност која нуди покритие за штети причинети на трети лица на територија на странска држава. За оваа полиса (зелена карта) се плаќа дополнителна премија.

Изјавата на прес конференцијата беше „просечната цена за автоодговорност (домашно покритие) и на тоа додадена зелена карта, во просек е најефтина во нашата земја споредено со другите земји во регион“. Не беше соопштено дека просечната цена на зелена карта во Република Македонија во просек е најефтина. Начинот на кој што е пренесена информацијата донесува погрешни заклучоци од страна на јавноста и со право, се вели во демантот на Агенција за супервизија на осигурување.