Заврши 6. издание на фестивалот „Прво па женско“

Од:

Со спектакуларниот и до последен билет распродаден концерт на американската хип-хоп дива Акуа Нару во Младинскиот културен центар, вчеравечер заврши годинешното 6. издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, во организација на Тиииит! Инк од Скопје.

Во четирите фестивалски денови Фестивалот понуди дискурзивна програма, изложби, перформанси, концерти и диџеј сетови, поетски слем, филмска проекција, театарска претстава, работилница за деца, промоција на книгата „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, традиционалниот базар на ракотворби… Годинешното издание беше во знакот на работничките права и унапредувањето на истите, а преку сите фестивалски настани овозможи простор за размена на искуства и промислување на прашањата за неплатениот домашен труд, девалвирањето на трудот и достоинството на работничките, отпорот кон современите облици на експлоатација, но и простор за активните жени и нови иницијативи на културно-уметничката сцена.

Партнери на ПРВО ПА ЖЕНСКО годинава беа Пасворд продукција, Младинскиот културен центар, фестивалот Млад отворен театар, Кино Култура, Локомотива, ISKRA Tourbooking, ЛезФем, Колектив Ветерница, а реализиран со поддршка од Министерство за култура на Република Македонија, Град Скопје и FRIDA Young Feminist Fund.