Во Гевгелија отворена изложба на детски цртежи за франкофонијата

Од:

Над стотина цртежи на кои доминира Ајфеловата кула, изработени од ученици од основните училишта од Гевгелија и Негорци, синоќа беа претставени на изложбата „Франкофонија и пријателство“, што е отворена во уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија.

Публиката имаше можност да погледне за момент во природата на детските емоции, кои преку цртежите ја покажуваат нивната желба да ја обединат уметноста и запознавањето на француската култура чиј јазик го изучуваат во училиштата.

– Франкофонијата како инспирација е наш двигател кој веќе втора година по ред не тера да размислуваме, да замислуваме, истражуваме, креираме, сонуваме и да го пренесуваме тој наш сон на хартија рече ученикот Благој Петров на отворањето на изложбата пред родители и присутните граѓани.