Успешен настап на Арда Мустафаоглу во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија

Од:

На 9. Мај 2018 година младиот пијанист Арда Мустафаоглу имаше успешен настап во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Пред публиката во преполната сала на театарот, Арда се престави со третиот став од сонатата бр. 7 на Сергеј Прокофиев.

Настапот беше во организација на Министерството за бугарското претседавање со Советот на Европа и фондацијата „Димитар Бербатов“ во соработка со македонските Министерства за култура и надворешни работи и прекрасната поддршка од Методија Белевски од македонскста амбасада во Бугарија.

Со своите настапи Арда Мустафаоглу ќе продолжи во Париз и Атина во текот на јуни 2018 година.