Следниот месец, Скопје ќе биде домаќин на првата регионална tattoo конвенција „Artist Republic 2026“, која ќе се одржи на 14 и 15 март во хотел „Александар Палас“. Претходните две години се одржуваа настани со сличен концепт, но годинава настанот го надминува локалниот формат и ќе ги обедини најталентираните уметници од целиот свет, промовирајќи ја тату културата како вистинска уметност и начин на индивидуално изразување.
На конвенцијата ќе учествуваат околу 150 артисти, кои ќе прикажат различни стилови и техники на тетовирање, нудејќи неверојатно визуелно и креативно искуство за сите љубители на тетоважи, уметност и култура. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со артистите, да учествуваат во работилници, да ги видат најновите трендови и да се нурнат во светот на инспирацијата и креативноста.
Конвенцијата ќе има и натпреварувачки карактер, со доделување награди во повеќе категории, што ќе ја засили возбудата и креативниот дух на настанот, а дводневната програма ќе биде збогатена и со музички содржини што ќе ја заокружат атмосферата и ќе ја афирмираат културата на кожа како дел од современата урбана култура.
Организатори на „Artist Republic 2026“ се Skopje Tattoo Show и белградската Great Heart Art, кои со голема посветеност и несебичен труд го подготвуваат овој регионален настан за тату култура, со цел Македонија да се позиционира како врвен домаќин на ова уникатно уметничко искуство. Настанот ќе привлече не само професионални уметници, туку и поширока публика, инфлуенсери и медиуми, создавајќи жив, динамичен и инспиративен простор за поврзување, креативност и културна размена.
Со фокус на квалитетна уметност, талент и иновација, „Artist Republic 2026“ претендира да стане редовен настан во културниот календар на регионот и да промовира дека тетоважата не е само тренд, туку вистинска уметност која инспирира, предизвикува емоции и отвора нови хоризонти на личното изразување.
Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова неверојатно културно и уметничко искуство – следете ги официјалните канали на „Artist Republic 2026“ на Instagram и посетете ја нивната официјална веб-страница за да ја откриете програмата и запознаете учесниците за настанот што ќе го оживее Скопје во ритамот на уметноста и креативноста!