Со музичко-сценскиот спектакл „Вивалдијано“ синоќа на сцената на Античкиот театар беше одбележан 57. роденден на фестивалот Охридско лето. Овој мултимедијален мегапроект претставува вонвременски спој на уметничка изведба на 16 истакнати музичари од различни стилови. Тие изведоа класични дела на Вивалди базирани на барок.
Композициите на италијански композитор Антонио Вивалди беа донесени на еден нов возбудлив начин, проткаени со нишка на рок енергија и сето тоа збогатено со видео презентации, визуелни 3Д ефекти и светлосно шоу.