Слободан Трендов: И театарот ни стана Циркус Медрано

Од:

Актерот Слободан Трендов на својот фејсбук профил ја коментира објавата на Драмски театар дека за претставата на 6 јуни, кога има фудбалски натпревар, мажите што ќе дојдат на претстава ќе добиеле аплауз.

„За сите осамени жени, девојки, мајки кои ќе бидат сурово напуштени на 6 јуни заради фудбалот Драмски театар има решение.

За секој купен билет ќе добиете и еден гратис, за вашата другарка.

Доколку сепак некоја од вас убеди и маж да дојде со неа, ветуваме дека тој маж ќе добие аплауз од цел салон… ,,БЕЗЉУБНИ’’ ДРАМСКИ ТЕАТАР 6 ЈУНИ САБОТА 20 ЧАСОТ“ – пишува на фејсбук страницата на Драмски театар.

– Ако некогаш беше храм, ете сега е циркус.Т оа е тој МЕДРАНО СТАЈЛ!, коментира Трендов за начинот на рекламирање на претставите во Драмски театар.