Славната кубанска поетеса Нанси Морехон со писмо на загриженост за ситуацијата во Македонија

Од:

До Струшките вечери на поезијата пристигнало писмо од добитничката на „Златниот венец“ во 2006 година, светски познатата кубанска поетеса, Нaнси Морехон, во кое таа испраќа сочувство за настраданите во поплавите и изразува загриженост за ситуацијата во Македонија.

Таа писмото за поддршка го пишува од свое име и од името на другите кубански поети

Нанси Морехон во својата порака упатена до Струшки вечери на поезијата по повод трагичните настани по поплавите, пишува:

„Драги пријатели,

Вчера, додека слушав вести, чув за природните катастрофи во Македонија, посебно во вашиот главен град Скопје, од каде се‘ уште в срце носам спомени. За време на моите две посети, посебно во 2006 година кога ми беше доделен „Златниот венец“, таму оставив дел од моите најубави чувства.

Би сакала да ви кажам дека најискрено сум многу загрижена за тамошната ситуација. За жал, во моментов ги немам имињата и адресите на моите пријатели кои никогаш нема да ги заборавам. Преку вашата институција би сакала да ја споделам со поетската заедница во Македонија мојата грижа и грижата на многу други кубански поети.

Искрено,
Нанси Морехон“