„Репер“ – Првиот онлајн неделник за култура

Од:

Првиот онлајн број на специјализираниот е-неделник за култура, „Репер“ е објавен денеска.

Според она што го планираат основачите, овој неделник треба да биде платформа за вмрежување на уметниците од сите области во Македонија и создавање поподобни услови за нивна натамошна комуникација и настап, како во државата, така и надвор од неа.

„Списанието за креација и рекреација ќе тежнее да биде медиумски простор, каде што на едно виртуелно место ќе изврши вистинско обединување на сите вешти луѓе“, велат од „Репер“.