Почина актерот Бранко Ѓорчев

Од:

Aктуелениот директор и актер во Драмскиот театар во Скопје, Бранко Ѓорчев по долго боледување синоќа ја изгуби битката со ракот.

Бранко Ѓорчев е роден 1962 година, а во 1986 година дипломира на Факултет за драмски уметности, Универзитет „Кирил и Методиј“ Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски.

Од 1987 година работи како актер во Драмски Театар Скопје. Имаше остварено бројни главни и споредни улоги во врвни домашни претстави во матичниот театар и во сите театарски институции во државата.

Во 2006 година беше избран за директор на Националната установа Драмски театар, а во 2010 реизбран на оваа фунција.