Писателката Нада Алексоска петти добитник на наградата за животно дело „Коле Неделкоски“

Од:

Писателката Нада Алексоска, автор на бројни дела поезија и проза, е годинашен добитник на наградата „Коле Неделковски“, која се доделува за животно дело од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.

Признанието се доделува петти пат, а беше врачено денеска, на одбележувањето 80 години од смртта на поетот Коле Неделковски.

-Пријатно сум изненадена и горда на ова признание. Иако сум пензионер јас и понатаму читам и пишувам, рече Алексоска откако ја доби наградата на цеременијата во дворот на ССОУ „Коле Неделковски“..

Таа потоа положи цвеќе и на споменикот на Коле Неделковски во дворот на неговата родна куќа во село Војница.

Нада Алексоска е автор е на Монографијата „Смилјан Гриовски агентот на ЦИА“ издадена 1998 година, стихозбирките „ Кога душата говори“ ,Ластовичка“ , „Песната на ѕвездите“ и збирките на новели „Под сенката на брезата“ и „Муабетење со умот“. Од основно училиште почнала да пишува, а продолжила и понатаму, па се до денес. Нејзини творби се објавувани во разни весници и списанија, настапувала на многу манифестации и фестивали како во државата така и надвор од неа.

Како професор на Факултетот во градот Манхајм и како наставник во дополнителните училишта по македонски јазик во многу градови во Германија учествувала со своите ученици и студенти на многу собири, а за одбележување е настапот пред спомен плочата на Свети Методиј пред црквата во градот Елванген каде тој бил повеќе години во заточение. Неколку години била новинар и лектор на весникот „Македонско сонце“, а денес е дописник на весникот „Пензионер плус“ .

Алексоска е професор во пензија и хуманист. Пред две години го доби посланието Света Мајка Тереза за хумани вредности подарени за човечката среќа