Објавен романот „Куќата со жолтата фасада“ на Билјана Мартиновска

Од:

Во издание на „Бата прес“ објавен е романот „Куќата со жолта фасада“ од Билјана Мартиновска.

Романот денеска, во 14 часот, ќе биде претставен на Саемот на книгата, а ќе го промовира писателот и книжевен критичар Денис Бојаров. По промоцијата авторката ќе има средба со читателите и ќе го потпишува своето дело.

Преку дневничките записи на Ева, Виктор и другите ликови, создадена е сторија за силата на љубовта и силата на жената која останува да стои исправена пред предизвиците кои ѝ ги носи судбината и може да го поднесе секој товар, поради желбата за продолжување на животот.

Билјана Мартиновска е родена на 8 август 1977 година во Струга. Дипломирала На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а творечкиот порив ја натерал дополнително да студира и дипломира македонски и англиски јазик и книжевност на Педагошкиот факултет во Битола.