Никола Маџиров модератор на „Балкан балкони“ во Берлин

Од:

Никола Маџиров е куратор и модератор на настанот „Балкан балкони” кој ќе се одржи денеска, во Берлин, во рамките на еден од најголемите европски поетски фестивали „Поесиефестивал Берлин”.

Освен Никола Маџиров, учество земаат и поети од Србија, Хрватска, Словенија, Албанија, Бугарија и Грција, а втор модератор на трибината е Маша Дабиќ со потекло од Босна и Херцеговина.

Трибината ќе биде посветена на актуелните мигрантски процеси на Балканот погледнати од една поинаква „балконска” перспектива, а потоа ќе следува и поетско читање со сите автори.

Пред три години Маџиров во рамките на „Поесиефестивал Берлин” го организираше настанот „Дом – Излез – Дом” на кој учествуваа десет поети од повеќе континенти.