Уште една успешно завршена сезона на Театарот за деца и младинци, закитена со награда за Колективна актерска игра за претставата „Гига мега бајка” во режја на Хана Миленковска на фестивалот „Македонско културно лето” во Пустец, Република Албанија. Фестивалот трае од 26 до 31 јули, а ова е десеттото, јубилејно издание.
Актерската постава на оваа претстава ја сочинуваат Бојан Кирковски, Симона Спировска, Мартин Јорданоски и Мики Анчевски.