Модерна кино-сала во Прилеп

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска денес во Прилеп го предаде новиот дигитален проектор, како дел од проектот за враќање на кино-проекциите во 14 градови низ Македонија.
Оваа кино-сала е дел од проектот за набавки на проектори за Центрите за култура низ државата вреден 200 илјади евра. Според министерката, кино-салата во Прилеп треба да биде една од најмодерните во државата.

Кино-салата ќе биде сместена во адаптивниот дел на Центарот за култура „Марко Цепенков“ и ќе располага со најмодерна дигитална опрема, а Министерството за култура ќе обезбеди средства за нејзино доопремување. Салата би требало да биде готова на почетокот од идната година.

Во наредниот период градонанчалникот Ристески најави и реконструкција на салата, која ќе биде опремена со стотина седишта, со комплетно реновирање на ентериерот и екстериерот во европски стил. Во рамки на кино-салата ќе има и кафетерија, а во близина на новото кино – изградба на атрактивен проект -стаклена пирамида.

А.Ш.