Македонскиот писател Ненад Јолдески е добитник на наградата за литература на Европската унија, за млади и талентирани автори од Европа.
Покрај македонскиот автор Јолдески, награда добија Тања Ступар-Трифуновиќ ид Босна и Херцеговина, Кристоф Ван Геревеј од Белгија, Антонис Георгиу од Кипар, Бројн Расмусен од Данска, Пааво Матсин од Естонија, Селја Ахава од Финска, Бенедикт Велс од Германија, Гаст Грубер од Луксембург, Клаудио М. Флориан од Романија, Јасмин Б. Фрелих од Словенија и Јесус Караско од Шпанија.
Секој награден автор добива сума од 5000 евра и меѓународна промоција на сите важни саеми на книги во Европа како Франкфурт, Париз и Лондон.
Наградите ќе бидат предадени на свеченостa во Брисел што ќе се одржи на 31 мај.
Ненад Јолдески е роден во 1986 година во Струга, магистрирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е на збирката раскази „Штамата на Енхалон“, напишани на струшки дијалект, неговата втора збирка раскази е насловена „Секој со своето езеро“ и е објавена 2012 година од „Темплум“. Јолдески е и основач на фестивалот „Дрим Он“ што се одржува во Струга.