Министерот Љутков го формираше Советот за туризам

Од:

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Порта Македонија се обрати на конститутивната седница на Советот за туризам, стратешко и советодавно тело кое има значајна улога во обликувањето и креирањето на туристичката политика на Македонија, со цел унапредување на координацијата и обезбедување системска поддршка за одржлив раст и развој на туристичката индустрија.

Во своето обраќање, министерот Љутков ја истакна важноста на Советот како механизам за креирање современи, ефективни и одржливи туристички политики и мерки кои ќе испорачуваат конкретни резултати во интерес на туристичкиот сектор и економијата.

„Започнува новата ера во туризмот, а денешната конститутивна седница на Советот е потврда за тоа. Конституирањето на Советот значи дека најсложениот дел е зад нас. Воспоставивме функционални сектори за туризам, со јасна цел – да обезбедат ефикасно управување со туристичките дестинации и силна поддршка за стопанството“, рече министерот.

Тој ги нагласи актуелните предизвици со кои се соочува туристичката индустрија, потребата од модернизација на промотивните алатки, дигитализација, зајакнување на дестинацискиот менаџмент и поставување јасни стандарди за конкурентност.

„Од работата на Советот очекуваме и конкретни решенија кои ќе бидат во директна полза на сите чинители во туризмот. Предизвиците се големи и претстои доста работа, но верувам дека заедно можеме да постигнеме мерливи резултати во разумен временски рок. Верувам дека преку овој Совет ќе создадеме функционален механизам за координација, консултации и стратешко планирање што ќе ја насочи нашата работа во наредниот период“, дополни министерот Љутков.

Советот е составен од претставници на туристичките здруженија и асоцијации, високообразовните институции, ЗЕЛС, стопанските комори, како и експерти од областа на маркетингот, стратегискиот менаџмент и туризмот. За претседател на Советот беше избран Кристијан Џамбазовски, долгогодишен стопанственик со институционално искуство, кој ќе придонесе за поинтензивна и координирана соработка меѓу Советот и Министерството, со што ова тело и формално го започна својот мандат.

На седницата новиот претседател ја презентираше Предлог-програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2026 година, документ кој опфаќа приоритетни активности, маркетинг-стратегии, интернационална промоција, развој на тематски туристички производи, унапредување на туристичката инфраструктура и зајакнување на капацитетите на локалните дестинации.

Со формирањето на Советот, Министерството ја зајакнува институционалната поддршка за туристичкиот сектор и создава услови за интегрирано, конкурентно и одржливо позиционирање на нашата земја на меѓународната туристичка мапа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Горан Наумовски

Програма за соработка во културата помеѓу Македонија и Србија за 2026 – 2030 потпишана во Крушево

А1он

Пехар за благодарност за Македонија на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

А1он

Отворен Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан Први“

А1он

Љутков најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески

А1он

Љутков: За 10 проценти е зголемен бројот на туристи во седумте месеци годинава, а за 5,5 проценти се поголеми ноќевањата

А1он