Љутков најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески

Од:

Министерството за култура и туризам веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историскиот дух, што го носи домот на авторот на македонската химна, изјави денеска од Струга, ресорниот министер Зоран Љутков.

По посетата на локацијата, каде пред два дена при изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство информира дека инспекциската служба на Управата за заштита на културно наследство констатирала сериозни оштетувања.

– Како министер за култура и туризам, најостро ги осудувам овие дејствија и секое неодговорно постапување што доведува до уништување или загрозување на заштитени објекти. Културното наследство е непроценливо богатство, кое не смееме да го загрозуваме од небрежност, од несовесност или од краткорочни интереси, истакна Љутков најавувајќи дека ќе следат соодветни пријави согласно законот.

Министерството за култура и туризам, нагласи, ќе ги вклучи сите надлежни институции, стручни лица и експерти за обнова на објектот, што, според него, ќе биде изведена на најпрофесионален начин и согласно сите принципи за заштита на културното наследство.

Осврнувајќи се на обвинувањата од Социјалдемократскиот сојуз дека Министерството не води грижа за културното наследство, нагласи дека сите дозволи за таа куќа и за рушење на објектот биле издадени во последните седум години, кога во Струга на власт се СДСМ и ДУИ.

Заменик министерот за правда Ален Деребан, појасни дека одобрението за градење било издадено спротивно на материјалниот закон и законот за градење и оти градоначалникот го поништил решението, вчера, односно, по рушењето на објектот.

Би можело да ве интересира

Љутков: За 10 проценти е зголемен бројот на туристи во седумте месеци годинава, а за 5,5 проценти се поголеми ноќевањата

А1он

Новата Универзална сала ќе располага со капацитет од 1.200 седишта

Горан Наумовски

Љутков изврши увид во реализацијата тековните и планираните проекти во Дојран и Гевгелија

А1он

Љутков: Спомен куќите во Велес се во добра кондиција, правиме напори да ги ставиме во функција за посетителите

А1он

Љутков: Отворањето на Универзална сала треба да биде до крајот на 2027, за изградбата обезбедени 20 милиони евра

А1он

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ