Љутков изврши увид во реализацијата тековните и планираните проекти во Дојран и Гевгелија

Од:

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со стручен тим од Завод и музеј Струмица“ денеска изврши увид во реализацијата на тековните и планирани проекти од областа на културата и културното наследство во Дојран и Гевгелија.

Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата Св. Илија“, значаен објект од 19 век со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и културното наследство на регионот.

Како што информираше министерот Љутков, особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на Музеј на вода, преку реконструкција на праисториска наколна населба во Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, додека основниот проект за изградба на музејот се очекува да започне во 2026 година, а идејниот проект е изработен од Заводот и музеј Струмица.

-Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено“, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап, Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, рече Љутков.

Во рамките на посетата на Гевгелија, министерот заедно со градоначалникот Андон Сарамандов извршија увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век.

Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветлување, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.

-Со завршувањето на проектот, чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно за жителите и посетителите, посочи Љутков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Горан Наумовски

Програма за соработка во културата помеѓу Македонија и Србија за 2026 – 2030 потпишана во Крушево

А1он

Министерот Љутков го формираше Советот за туризам

А1он

Пехар за благодарност за Македонија на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

А1он

Отворен Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан Први“

А1он

Љутков најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески

А1он