Љутков: До крајот на оваа година ќе заврши конзервацијата на Стариот конак на „Св. Богородица“ во Тетовско

Од:

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Лешочкиот манастир во Тетовско, во чиј комплекс се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, при што најави дека до крајот на оваа година ќе заврши конзервацијата, реставрацијата, санацијата и ревитализацијата на Стариот конак кој претставува интегрален дел од црквата „Св. Богородица“.

Како што соопштија од Министерството за култура и туризам, Љутков за време на работна посета на Лешочкиот манастир се сретна со митрополито тетовско-гостивараски г. Јосиф.

– Во рамки на посетата, Љутков заедно со в.д. директорката на Националниот конзерваторски центар Цветанка Хаџипецова ги најавија завршните активности за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на Стариот конак како и активностите за конзервација и раслојувањето на живописот на црквата „Св. Богородица“ со евидентирани фази од 14, 17 и 19 век, се вели во соопштението на Министерството.

Љутков најави дека за реализација на конзервацијата, реставрацијата, санацијата и ревитализацијата на Стариот конак обезбедени се 6 милиони денари. Тој додаде дека оваа година, како капитален проект, се обезбедија и финансиски средства за реализација на конзервацијата и раслојувањето на живописот на црквата „Св. Богородица“ со евидентирани фази од 14, 17 и 19 век.

– Според информациите од конзерваторите од НКЦ откриениот, трет, најстар слој фрески во црквата „Св. Богородица“ сведочи за повеќевековниот континуитет на опстојување на ова споменично добро во манастирскиот комплекс во Лешок. До крајот на годината очекувам да бидат пошироко дефинирани површините со најстариот живопис и да се предложат натамошни мерки за конзерваторските зафати, рече Љутков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Горан Наумовски

Програма за соработка во културата помеѓу Македонија и Србија за 2026 – 2030 потпишана во Крушево

А1он

Министерот Љутков го формираше Советот за туризам

А1он

Пехар за благодарност за Македонија на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

А1он

Отворен Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан Први“

А1он

Љутков најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески

А1он