На сцената во амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес вечер концерт ќе одржи ансамблот на Пеце Атанасовски во придружба на женска пејачка група.
Оркестарот е составен од традиционални музички инструменти: гајда, кавал, тапани и други инструменти и продуцира етно обработки на македонската народна музика.
Концертот е дел од манифестацијата што во земјава традиционално и ова лето ја организира Министерството за култура во соработка со општините.
Концертот на оркестарот на Пеце Атанасовски, кој требаше да се одржи на 22 јули, поради дождот беше одложен и ќе се одржи вечер.