Канческа-Милевска во посета на Велес

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Велес ќе го посети споменикот на културата „Куќата на Касапови“, седиште на сликарско-копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“ каде ќе оствари средба со уметници и учесници на оваа колонија.

Канческа-Милевска во националната установа театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе го додели новиот дигитален кино проектор наменет за оваа институција, по што ќе ја посети и библиотеката „Гоце Делчев“ каде ќе се сретне со млади книжевни творци од Велес.