Изложба на фотографии „Врелиот снег на Сталинград“ во Охрид

Од:

Во склоп на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и Општина Охрид, во Охрид ќе биде отворена изложба на фотографии „Врелиот снег на Сталинград”, посветена на 75 годишнината од завршувањето на Сталинградската битка.

Сталинградската битка е една од најкрвавите битки во историјата на човештвото во која што животот го загубија околу 479.000 советски војници и 500.000 германски војници и војници на германските сојузници, додека бројот на загинатото цивилно население надминува неколку десетици илјади.

Победата на советската војска во Сталинградската битка е еден од најзначајните воено-политички настани во Втората светска војна, која што даде голем придонес во Големата Татковинска војна и имаше силно влијание врз исходот на Вторта светска војна.

Изложбата ќе биде отворена на 11 мај 2018 година (петок) во „Куќата на Уранија” во 19.00 ч.