Изложба експериментални цртежи на членовите на ДЛУМ

Од:

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во галерискиот простор при Домот на Армијата, во вторник, во 20:00 часот ќе се отвори изложбата „Експериментален Цртеж 2014“. На изложбата ќе се претстават ликовни автори, членови на Друштвото од цела Македонија.

-Изложбениот концепт на проектот „Експириментален цртеж“ претендира да го разработи процесот на револуционерното отстапување од интстутционалната вредност на цртежот и неговото ограничување на хартијата како фундаментален поддржувачки материјал, со цел да ја предизвика веќе прифатената дефиниција за негова презентација како едноставно дело на хартија. Селектираните дела ги трасираат основните на современиот цртеж почнувајќи од развој на линијата на пикторијален план, до неговите дигитални модификации. Во оваа селекција ќе бидат прикажани цртежи кои можат да бидат дефинирани и како ко-продукт на други видови на креативни процеси, ставајќи го акцентот на неговата интердисциплинирана, когнитивна, перформативна или комуникативна функција, велат од ДЛУМ

Изложбата е поддржана од Град Скопје и ќе трае две недели.