Кореографката Искра Шукарова како партнер на мрежата Global Practice Sharing утре во Њујорк ќе има средба со партнери во мрежата од Унгарија, Летонија, Србија, Романија, Бугарија и од релевантни организации од САД.
Проектот е важен за Македонија бидејќи овозможува резиденции и размени на уметници од САД и Македонија кои имаат можност да добијат нови сознанија во сферата на современиот танц и изведувачките уметности.
Мрежата Global Practice Sharing е основана во 2015 година, а Шукарова беше повикана како партнер од Македонија. Воспоставена е заради соработка помеѓу САД и Источна Европа во областа на современиот танц и изведувачките уметности. Проектот ГПС е реализиран со организацијата Movement Research од Њујорк.
Искра Шукарова е меѓу основачите на современиот танц во Македонија и професор на Факултетот за музичка уметност. Во изминатите 20 години таа е поддржана од голем број организации од САД. Како кореограф има настапувано на сцени во Њујорк и има соработувано со повеќе реномирани уметници од њујоршката сцена.