Филмот „Шише“ на скопскиот средношколец Сарчевски меѓу најдобрите на фестивал во Германија

Од:

На филмскиот фестивал „Intervideo-Nachwuchspreis“ што се одржува во Мајнц, Германија, краткиот филм „Шише“ на 14-годишниот Сергеј Сарчевски (ученик во прва година во гимназијата „Орце Николов“) беше номиниран во официјалната селекција во категоријата експериментален филм.

Жири комисијата во состав одлучуваше меѓу пристигнати 406 кратки филмови од 50 различни земји, а младиот Сарчевски влезе во првичната селекција од 10 најдобри филмови и се пласираше на четврто место. Официјалната церемонија на доделување на наградите ќе се одржи на 26 септември по повод 50-тиот роденден на „Интервидео”.

Овој фестивал за млади таленти до 30-годишна возраст се одржува по трет пат, а оваа година младите филмаџии се натпреваруваа на тема „Промени“, во следните категории: документарен, фикција, анимација и експериментален филм.

Краткиот филм „Шише“ (2013) е базиран на тешкиот живот на Ромите во Македонија и нивната борба за преживување преку продажба на пластични шишиња.

Сергеј Сарчевски досега има направено 7 кратки филмови и има учествувано на неколку фестивали за кратки филмови, како и изложби за фотографија.