Доделена книжевната награда „Тодор Чаловски“

Од:

Здружението за литература, култура и уметност „Галикул“ во знак на сеќавање и почит кон ликот и делото на македонскиот писател Тодор Чаловски (1945 – 2015), по вторпат ја додели наградата „Тодор Чаловски“, како признание од областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми, за млад автор од Македонија.

Оваа година, наградата му е доделена на Иван Антоновски – поет, есеист, критичар и книжевен преведувач.

Наградата резултира со издавање на книга на наградениот автор во македонско – англиско издание во 2017 година.

Поетесата Марта Маркоска е минатогодишниот добитник на наградата „Тодор Чаловски“ за млад автор од Македонија.

Како на минатогодишен добитник на оваа книжевна награда на Маркоска и беше издадена поетска книга на македонски и на англиски јазик.

Книгата „Црни дупки во нас“, во превод и препев на Александра Спасеска и Данче Чаловска, беше презентирана и промовирана во рамки на програмата на 22-та Галичка книжевна колонија која се одржа од 25 до 16 јуни во Галичник. Таа ќе биде промовирана наесен и во Скопје, како и во други градови во Македонија и во странство.