Цветанка Ласкова именувана за советник за култура на премиерот Заев

Од:

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, долгогодишна активистка, стопанственик и позната пејачка на Цветанка Ласкова е именувана за посебен советник за култура на премиерот Зоран Заев.

Ласкова е позната на македонската јавност и работејќи во сферата на ТВ продукција и авторските права, маркетингот и економската пропаганда. Два пати го добива признанието „Најуспешна жена менаџер на годината“ за 1991 и 2001 година.

Членка е на Градскиот одбор на СДСМ од 2011 до 2013 година и претседател на Комисијата за култура. Во 2011 година таа е избрана за координаторка на Форум на жени на СДСМ и е член на Централен и Извршниот одбор на СДСМ. Во 2013 по смената на раководството на СДСМ, таа е реизбрана за координаторка на Форум на жени на СДСМ со мандат од четири години.