Балетскиот играч Игор Кировски стана директор на хрватскиот национален балет во Сплит

Од:

Македонскиот кореограф и балетски играч, Игор Киров е именуван за директор на Балетот во „Хрватско народно казалиште“ во Сплит.

Киров е познат македонски танчар и кореограф, кој повеќе години активно работи на престижните европски сцени.
Последните неколку месеци, тој работеше на претставата „На пат” за Балетот на сплитски ХНК, чија премиера се одржа на “Сплитско лето”.

„Горд сум и среќен да објавам дека од сезоната 2016/17 ќе бидам нов балетски директор во ХНК, Сплит. Ново поглавје започнува и одвај чекам на овој нов предизвик во мојот живот“, пишува Кировски на својот фејсбук профил.

Во Македонската опера и балет, изминативе години ги постави модерните балетски претстави „14 часа” и „Црвената соба”.