[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Македонскиот актер Трајче Ѓорѓиев ја освои наградат „Најдобро движење“ за неговата претстава-пантомима „Човекот“ на првиот Интернационален фестивал на монодрама, пантомима и кабаре „Златен Рис“ во Бања Лука.
Манифестацијата се одржа на 15-ти февруари во мултимедијалната сала „Дом на млади“. За наградите одлучувало жири составено од д-р Милош Шолаја – универзитетски професор, Радован Ковачевиќ – новинар, Миладин Бериќ- драмски писател, поет, сатиричар, како и присутната публика која гласала само за главната награда.
Главната награда „Златен рис“ му е доделена на Себестијан Саез од Аргентина, а наградата „Најдобар впечаток“ на Мирослав Ѓорѓевиќ од Србија.