Шабан Салиу, министерот осомничен за трагедијата во Кочани, се кандидара за градоначалник на Шуто Оризари

Од:

Министерот без ресор Шабан Салиу кој е меѓу осомничените за трагедијата во Кочани, за периодот кога беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување, ќе се кандидира за градоначалник на Општина Шуто Оризари за претстојните локални избори. Тој ја промовираше кандидатурата ветувајќи им на жителите на општината подобри услови за живот.

„Стојам тука пред вас исполнет со гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромската заедница, место каде секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес заеднички носиме одлука за нашата иднина, за чесно и одговорно управување со нашата општина,“ порача Салиу во неговиот говор пред жителите на општина Шуто Оризари.

Салиу беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување во перидот од 2008 до 2017 година. Тој е меѓу поранешните функционери кои се осомничени за случајот во Кочани. Во мај годинава, штипска апелација му го укина притворот. Обвинителството го товари за Тешки дела против општата сигурност исто како и останатите обвинети, а обвинението се уште е во фаза на оценка во Кривичниот суд.

Салиу има обврска да ја јавува во судот двапати недело.

Актуелен градоначалник на Шуто Оризари е Курто Дудуш чија партија се приклучи кон Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Салиу: Се додека не бидам осуден не сум виновен, не чувствувам никаква вина

Горан Наумовски

Не чувствувам апсолутно никаква одговорност и вина за трагедија во Кочани, вели Салиу