„Ефектот на среќата“ на Борјан Зафировски победник на балканскиот фестивал во Подградец

Од:

Долгометражниот филм „Ефектот на среќата“ на Борјан Зафирски е прогласен за најдобар на Балканскиот филмски фестивал одржан во Подградец во Албанија.

-„Ефектот на среќата“ на режисерот Борјан Зафировски од Северна Македонија триумфираше на 11 -то издание на Балканскиот филмски фестивал во Поградец. Беше во конкуренција на 40 филски остварувања од Албанија, Македонија, Романија, Унгарија, Турција, Хрватска, Србија, Грција, Косово, Црна Гора, пренесува Ора њуз.

Во соопштението се додава дека дејството во „Ефектот на среќа” е сместено во Македонија, но приказната е универзална и е поврзана со личната потрага по среќа и по смислата на животот што се прашања кои се заеднички за сите луѓе без разлика од каде доаѓаат.

-Филмот беше добро прифатен. Првпат сум на фестивалот во Подградец и ова е моја втора награда во мојата уметничка кариера. Подградец е мојот град на среќата, изјавил Зафироски, пренесува телевзијата.

Се посочува дека во изминатите пет дена Поградец бил „главен град“ на Балканот благодарение на овој настан што го организира Ено Милкани и Герта Кирку, со поддршка од Општина Поградец и други донатори.

– Подградец по 11-ти пат беше успешен домаќин на оваа значајна културна манфестација која станува се попозната, попосетувана и со се поголемо учество. Посакувам и убеден сум дека оваа традиционална манифестација ќе продолжи со сестрана подршка на локалната власт, рекол Илир Џаколи градоначалник на Подградец.

Филмот на Зафровски е во продукција на „Ново Македонско Видео”, а најголемиот дел од буџетот е обезбеден од Агенција за филм на Република Македонија. Копродуценти се „Њу Момент“, „Видео Хаус анимејшн“, Национален центар за филм на Република Албанија и Центарот за филм на Косово.