Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз (ДС) на вчерашната седница на парламентот на која се расправаше за промена на деловникот зазеде спротивен став од коалицискиот партнер. Тој побара скратувањето на времето за дискусии да се однесува на сите комисии, односно и за расправата за законот за бранителите.
– Треба да бидеме крајно објективни, ако правиме промени треба да важат за сите закони, а не парцијални одредби на деловникот – рече Трајанов.
Според Павле Трајанов, доколку треба да се гради консензус треба да биде на поширока основа, а не само на две партии од власта.
ВИДЕО: Sky