Ваљон Беља застрелан во Чаир, му било пукано во нога

Од:

Економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, Ваљон Беља вечерва бил застрелан во вооружен напад во скопската населба Чаир.

Како што соопштија од МВР, во Беља било пукано во пределот на десната подколеница, по што тој бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.

Ваљон Беља е кадар на ДУИ кој пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.