Со заминувањето на Теута Арифи од вицепремиерската позиција за да се трка за градоначалничката позиција во Тетово, на нејзино место предлог е да седне сегашниот министер за одбрана, Фатмир Бесими, дознава А1 од извори во ДУИ.
Ова место се спомнуваше дека ќе и припадне на пратеничката Ермира Мехмети, но и на Артан Груби, шефот на кабинетот на Али Ахмети, кој сепак ќе се трка за градоначалничката функција во Скопје.
Министерот Бесими, на позиција во одбраната остана запаметен единствено по полагањето цвеќе на споменикот на ОНА во Слупчане.