Тринаесет годишен ученик од основното училиште „Кочо Рацин“ во Кратово вчера околу пладне бил претепан од 60 годишниот наставник по физичко воспитување С.Д.
Инцидентот се случил во училишниот двор, пред спортската сала кога 4 ученици по завршувањето на часот во дворот играле со снежни топки, инфоримираат од полицијата.
Неколку од топките удриле во прозорецот од салата, по што наставникот излегол од салата, го фатил едниот ученик за јакната, го турнал на земја и го удирал по нозете и слабината.
Малолетниот ученик од неговите другари бил однесен во кратовската амбуланта каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
По пријавата на случајот, врз наставникот било извршено алкотестирање кое покажало 0,48 промили алкохол во крвта. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.