(ВИДЕО) Фазли Велиу не ги удостои македонските медиуми

Од:

Фазли Велиу, поранешен пратеник од редовите на ДУИ и роднина на Али Ахмети, не ги удостои македонските медиуми да го каже ставот за причините за протестот пред српската Амбасадата на Србија во Скопје.

Се обрати на албански јазик и ги игнорираше барањата на новинарите, бидејќи не го разбираат да се обрати и на македонски.

Девојка, која беше во групата која протестираше платформата ја прочита на англиски јазик.

Како што прочита тие се собрале за да го искажат револтот кон шефот на српската жандармерија и нивниот претседател Николиќ, кои издадоа наредба да се тргне споменикот на УЧПМБ во Прешево.

Од видеото се гледа игнорантскиот однос на Велиу кон медиумите на македонски јазик.