Американскиот дипломат ќе реагира до Бериша за дискриминацијата на Македонците

Од:

Американскиот дипломат задолжен за човекови права Џеј Постер во придружба на претставник на мисијата на ЕУ во Тирана ја посети општина Пустец.

Посетата, според градоначалникот Едмонд Темелко, следува по барањата на Македонците и на австралискиот пратеник Лук Симпкинс да се санкционираат и да запрат нападите на Црвено-црната алијанса врз Македонците во Пустец, како и да им се овозможи образование на мајчин јазик во Голо Брдо.

Тие оствариле средба со градоначалникот Темелко, како и со претставници на македонските друштва во Албанија.

– Постер и претставникот на ЕУ искажаа целосно разбирање за нашите барања и ветија дека сериозно ќе реагираат до владата на премиерот Сали Бериша околу дискриминацијата на Македонците. Разговорот имаше голема тежина и влеа надеж дека меѓународната заедница ќе изврши притисок врз албанските власти, како и оти конечно ќе почне решавањето на проблемите на Македонците во Албанија, изјави Темелко.

Тој информирал за проблемите со образованието, непризнавњето на статусот малцинство на целата територија на Албанија, дискиминирачкиот попис чии резултати не ги признаваат заедно со другите малцинства. Посебно станало збор, како што рече, за дивеењето на членовите на националистичката алијаса „Црвено црни“ во Пустец и се погласната националистичка реторика на албанските политичари.