Таинствено, помеѓу 40.000 до 50.000 граѓани, членови на опозицијата, за неколку месеци исчезнале од избирачките списоци, објави порталот „Макборба“, повикувајќи се на информација од функционер на партијата ПЦЕР.
Од партијата за порталот изјавиле дека во скопската населба Шутка, прилепската населба Тризла и во битолската населба Баиро, фалат помеѓу 900 и 1.400 гласови во однос на бројката од минатите избори. Дури 80 отсто од „исчезнатите“ би гласале за опозицијата, пишува сајтот.
„Слични резултати има и во внатрешноста на Македонија. Дека нешто чудно се случува во Битола, Прилеп и Охрид, но и низ градовите во источниот дел на Македонија, говорат и сè почестите информации кои пристигнуваат од граѓаните. Во Прилеп и во Битола од минатите избори до денес се избришани околу 9.500 гласачи, од кои околу 5.390 прилепчани, а во Велес пак за 18 месеци избирачкиот список се намалил за 2.500 гласови“, се вели во веста на порталот.