(ВИДЕО) Марин: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои во 2017 гласаа да се гради кај „Мајчин дом“ сега се први против тоа

Од:

Градоначалникот на општина Аеродром на денешната вонредна седница на Советот посветена на градбата кај Мајчин дом истакна дека голем дел од советниците кои во 2017 го изгласаа Деталниот урбанистички план со кој се одобрува изградба на деветкатницата кај „Мајчин дом“, сега се најгласни во противење за истото.

-Ако сте против изградба на 9 катница и сте со граѓаните, кога се носеше ДУП-от ќе бевте доле со сите нас, им порача Марин на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Марин во своето излагање хронолошки го опиша процесот како советниците од ВМРО-ДПМНЕ на чело со тогашниот градоначалник Ивица Коневски без присуство на опозициските советници го изгласале спорниот ДУП. Марин повтори дека е јасно против изградба на било каков објект на парцелата кај „Мајчин дом“, но дека е противзаконски да не се издаде дозвола за градба доколку ДУП-от е веќе донесен.