Жена измамила тетовчани, им рекла дека работи во државна институција и им зела 2.800 евра за да ги вработи

Од:

Тројца тетовци биле измамени од страна на непозната жена, која лажно им се претставила дека работи во владина институција и дека може да ги вработи, а за тоа им зела и пари.

„Во текот на ноември 2017 година лицата Љ.Ф.(39), К.Ф.(28) и С.Ф.(20) сите од село Слатина се запознале со А.А. која им кажала дека работи во владина институција во Скопје и дека има доста пријатели во политички партии и дека може да им помогне да се вработат за што од оштетените побарала да и донесат документи за завршено образование, а и во два наврати им земала и парични средства од околу 2.800 евра“ соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тетовчани вербално нападнале полицајци