Пожарот во Трескавец под контрола

Од:

Пожарот што попладнево го зафати манастирот Трескавец е ставен под контрола, но се уште не е изгаснат.

Според Центарот за управување со кризи во Прилеп на теренот се и пожарот го гаснат три хеликоптери на АРМ, прилепската противпожарна единица, едно возило од битолската противпожарна единица, како и од јавните претпријатија.

На апелот на Центарот за управување со кризи за помош веќе се одзвале 200 прилепчани и жители на околните населени места.

– Нема опасност за црквата „Успение на пресвета Богородица“ која е во центарот на манастирскиот комплекс, но конаците не можеа да се спасат, вели портпаролот на Центарот, Влатко Котески.

Поради пожарот кој го зафати манастирскиот комплекс Трескавец прилепскиот градоначалникот Марјан Ристески за утре од 11 часот свикува итна и вонредна седница на Економскиот совет, а од 12 часот и вонредна седница на Советот на општината.