Хашкиот суд ќе ја објави пресудата за спорот меѓу Боливија и Чиле

Од:

Меѓународниот суд за правда во Хаг денеска ќе ја објави одлуката за тужбата на Боливија која сака Чиле да и го врати пристапот до Тихиот океан.

Боливија го загуби пристапот до море откако беше поразена во Пацифичката војна со Чиле 1879-1883 година. Со мировниот договор потпишан во 1904 година без одредени сегашните граници меѓу двете земји.

Земјата претходно имаше излез на море кај градот Антофагасте на Тихиот океан, во регион кој тогаш го освои Чиле.

Боливија тврди дека осиромашила поради тоа што нема пристап до морето и оти би ја зајакнала својата трговија и извозот кога повотрно би го добила.